Молитвите беа услишани, Бог ни прати дожд! Вака жителите од делчевско предмалку реагираа кога во овој крај по големата борба со жешкото време и пожарите конечна заврна. Дождот во моментов паѓа заедно со град, но никој тоа не го зема за зло.
„Само нека врне“ велат тие.
Видеото е направено во делчевското село Ѕвегор, каде се гледа невремето, кои им ги уништило земјоделските култури, но и покрај тоа тие во дождот гледаат спас.
-Една неволја си оди, друга доаѓа, ќе нема пожари, но и градинарски култури, велат дел од жителите од делчевско, кои сведочат на голем град, кој ја побелел земјата.