(Видео) Да не бидеме само вреќа за полнење, туку ќе оставиме срце на терен – Драган Канатларовски нов селектор на У21 – ММС
ММС

Објавено на: 08/11/21 3:22 PM

(Видео) Да не бидеме само вреќа за полнење, туку ќе оставиме срце на терен – Драган Канатларовски нов селектор на У21

ФФМ пред малку објави дека фудбалската легенда Драган Канатрларовски е новиот селектор на  македонската репрезентација до 21 година, кој во видео интервју раскажа за предизвиците со кои ќе се соочи заедно со неговиот тим.
 „Чувствувам уште поголема енергија, уште поголема сила и мотивација да се докажам на новата функција. Македонија до 21 година остави голем печат со учеството на Европското првенство и ќе работиме максимално фокусирано да се обидеме да го повториме тој резултат. Фудбалерите нека работат, нека бидат подготвени во секој момент да го остават срцето на терен за својата земја. Да веруваат во себе и пласман на големо натпреварување. Сигурен сум дека ќе ја оправдам довербата, посебно што зад себе имам големо репрезентативно искуство како фудбалер, но и како предводник на најдобрата македонска репрезентација, рече тој.
Во стручниот штаб на селекторот Драги Канатларовски се вклучени асистентите Шкумбин Арслани и Драган Начевски и тренерот на голмани, Зоран Мицевски.
– Да играме фудбал, да се надигруваме со противникот. Да не бидеме само вреќа за полнење, туку да покажеме квалитет, дека не случајно Македонија се најде на Европско. Да го остават срцето на терен и еден ден дај Боже да ги видиме во националниот А тим, рече Канатларовски.
Погледнете го целото видео интервју: