Во близина на штипските градски гробишта утрово, бик нападнал човек. Од здобиените повреди човекот починал, велат очевидци на настанот.
Глетката била страотна. Од полицијата го потврдуваат настанот.
„На 11.08.2021 во 10.10 часот во СВР Штип, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 09.00 часот во место викано „Плуждино“, атар на Штип, Ѓ.С.(73) од Штип починал откако бил нападнат од неговиот бик,“ се вели во информацијата од Полицијата.
Увид на местото извршила екипа на СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на семејството.