Австриски пожарникар префрлен на клиника откако се повредил во кампот кај Пехчево – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/21 2:33 PM

Австриски пожарникар префрлен на клиника откако се повредил во кампот кај Пехчево

– Пожарникар од австрискиот камп стациониран кај Пехчево утрово се повредил и во моментов се наоѓа на скопска клиника каде му се укажува помош.

-Нашиот колега од Австрија се повредил во самиот камп. Имал повреда на грбот, информираа од ТППЕ Берово.

Австриските пожарникари и денеска се на најкритичното подрачје во село Митрашинци, каде што заедно со колегите од Словенија и Бугарија го контролираат пожарот кој неколку дена прави проблеми во Беровскоот Регион.

 

МИА