Бугарија оди на нови избори откако Трифонов го повлече составот на владата – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/21 12:51 PM

Бугарија оди на нови избори откако Трифонов го повлече составот на владата

Партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“ го повлече составот на владата и пред малку објави дека се подготвува за нови избори.

Одлуката ја објави лидерот на партијата Слави Трифонов во директен пренос на неговата страница на Фејсбук и на сопствената телевизија.

ИТН го чини ова со аргумент дека го исполнува своето ветување оти воопшто нема да понуди кабинет ,доколку нема поддршка од партиите ИСБН и ДБ“.

Слави Трифонов ја нарече нивната одлука предавство, иако изјави дека зборот „предавство“ сам по себе не е навредлив, туку номинативно наведува факт.

Според Трифонов, земјата сега е пред нови предвремени избори, бидејќи ИТН нема да ги поддржи ниту владата на ГЕРБ, ниту владата на ДБ и ИСБН.

Bgnews