„Супермакс“ договор за Лука Дончиќ: Словенецот ја продолжува верноста со Далас Маверикс – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/21 12:26 PM

„Супермакс“ договор за Лука Дончиќ: Словенецот ја продолжува верноста со Далас Маверикс

Еден од најдобрите млади кошаркари во светот, Лука Дончиќ, ја продолжи верноста со франшизата од Западот потпишувајќи нов петгодишен договор вреден 207 милиони долари, пренесуваат американските медиуми.

Освојувачот на Европското првенство со Словенија и полуфиналист од Олимписките игри во Токио, ќе се обиде со Далас Маверикс да го следи патот на другиот легендарен и пензиониран Европеец, Дирк Новицки, во Тексас и да стигне до посакуваниот трофеј.

„Супермакс“ договорот со себе носи и услов кој гласи „минумум двапати појавување во најдобриот тим во НБА лигата“, услов кој дваесет и двегодишниот словенечки репрезентативец го исполни во изминатите сезони.  Дончиќ влезе во историјата како најмладиот кошаркар со „супермакс“ договор во НБА шампионатот.

Друштво во Далас Маверикс во следните две години ќе му прави и српскиот центар и негов добар пријател надвор од терените, Бобан Марјановиќ. Харизматичниот центар за двете години во Далас ќе заработи седум милиони долари.

 

Фото:

Twitter