(ВИДЕО) „А сад адио“: Златните ватерполисти на емотивен начин се збогуваа од српската репрезентација – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/21 11:05 AM

(ВИДЕО) „А сад адио“: Златните ватерполисти на емотивен начин се збогуваа од српската репрезентација

Солзите никој не можеше да го сокрие, ниту пак секогаш „студениот“ и навидум строг легендарен селектор на српската ватерполо репрезентација, Дејан Савиќ. Во една од најемотивните, ако не и најемотивна прес-конференција во историјата на српскиот спорт, златните „делфини“ од Олимписките игри од Токио се збогуваа од репрезентацијата.

Финалниот натпревар против Грција во Токио, во кој Србија успеа да ја совлада Грција со 13:10 и да го освои посакуваниот златен медал, претставуваше и последно појавување за репрезентативците Филип Филиповиќ, Андрија Прлаиновиќ, Стефан и Бранислав Митровиќ, Гојко и Душко Пјетловиќ и Милан Алексиќ. Фантастичната генерација ватерполисти на Србија на победнички начин ќе замине во историјата на овој спорт.

Во тоа име, заедно со новинарите, стручниот штаб и селекторот Дејан Деки Савиќ, но и сите присутни, Стефан Митровиќ, го зеде микрофонот и ја запеа познатата песна од филмската серија од 1979 година „Vruc vetar“ – „A sad adio“.

Претходно, капитенот Филиповиќ изјави дека секоја минута од тренингот со Савиќ вредела, упатувајќи му огромна благодарност за направеното.

-Првенствено сакам да му се заблагодарам на овој прекрасен човек. Јас сум само еден од најдобрите момци, 13-те величествени и голема привилегија ми е да бидам дел од оваа екипа. А потоа и капитен на крајот на оваа прекрасна епизода, на крајот на овој најубав и за некои од нас посебен танц, рече низ солзи Филиповиќ.

Србите своите херои ќе ги дочекаат на фамозниот „балкон“ вечерва од 21:00 часот.

 

 

 

[д.ј]

 

Фото:

Twitter / N1infoBG / Screenshot