И покрај разликата од 15 години, Северина и Игор Којиќ изгледаа заљубено до уши од самиот почеток на врската која ја крунисаа со брак во ноември 2015 година.
Многумина се интересираа како започна нивната љубовна приказна, и како што изјави естрадниот менаџер и добар пријател на Северина, Едвин Софиќ пред неколку години, тој е главниот „виновник“.
– Игор беше мој пријател, а јас со Северина долго време сме семејни пријатели. Ги запознав и се родија симпатиите меѓу нив. Мило ми е што нивната врска заврши со брак – изјави тој за хрватските медиуми пред неколку години.
Извор: Еспресо.рс