Актерот и режисер Јан Качер лауреат на наградата за животно дело на Фестивалот за краток филм „Астерфест” – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/21 7:40 AM

Актерот и режисер Јан Качер лауреат на наградата за животно дело на Фестивалот за краток филм „Астерфест”

Еден од најеминетните чешки и европски актери и режисери, Јан Качер е лауреат на наградата за животно дело „Астер” на Фестивалот за краток филм „Астерфест”, кој ќе се одржи од 13 до 15 август во Струмица.

Според организаторите, шеснаесеттото издание на Фестивалот се одржува под мотото „Нови мотивации”, а во официјална интернационална конкуренција се 24 кусометражни играни, документарни и анимирани филмови.

На отворањето на Фестивалот, в петок, ќе бидат прикажани филмовите „Господата од Современа” на Ана Алексовска, „Конструкт 24″ на Никола Ангелкоски и „И(с)згубени” на Антонио Вељаноски, а веднаш потоа и 7 документарни филмови од категоријата „Астердокс”.

Програмата продолжува во сабота со проекција на филмовите од категоријата „Глобална фикција” и во недела со проекција на филмовите од категоријата „Анимоушн”.

Жирито е составено од режисерите Ено Милкани, Панајотис Краварис и актерката Јулија Милкова.

Фестивалот ќе се одржи во Летниот амфитеатар, а е поддржан од Општина Струмица.

 

 

МИА

Фото:

asterfest.com