Симптоми слични на алергија – Знаци кои укажуваат дека имате Делта сој на коронавирус – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/21 7:33 PM

Симптоми слични на алергија – Знаци кои укажуваат дека имате Делта сој на коронавирус

Делта сојот на коронавирус може да има симптоми кои се поблаги и обично не се поврзани со ковид, поради што некои луѓе може да ја помешаат болеста со сезонски алергии и други вообичаени вируси.

Луизијана, здравствен службеник од американската држава, рече дека Делта сепак уште има типични симптоми како што се кашлица, треска и отежнато дишење, но додаде дека гледа се повеќе пациенти со различни симптоми како што се воспаление на синуси, течење на носот и болки во грлото..

Ова се знаци дека пациентот може да има делта сој, рекол Кантер за интернет и радио платформата „Одаси“, пренесува весникот „Хил“.

– Може да имате релативно благи симптоми, кои лесно можете да ги помешате со алергии или настинка што сте ја собрале од дете од градинка. Но, ако имате било какви симптоми, без разлика колку се благи, дури и ако се работи за болки во грлото или течење на носот, треба да се тестирате и да го ограничите контактот додека не го добиете резултатот – додал Кантер.

Според истражувачите од студијата Зое Ковид, тешкото кивање е исто така показател дека некое лице има делта.

– Нашите податоци покажуваат дека луѓето кои биле вакцинирани, а потоа биле позитивни на ковид, веројатно ќе имаат кивање како симптом, во споредба со луѓето кои не ја примиле вакцината – напишаа истражувачите.

Еден експерт изјави за Си -Ен -Ен дека памучните маски не можат да бидат толку ефикасни како маските КN95 или N95 во заштита од делта сојот.

Извор: Телеграф.рс