Тајна состојка и златен совет со кои тестото секогаш ќе нарасне како лудо – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/21 5:08 PM

Тајна состојка и златен совет со кои тестото секогаш ќе нарасне како лудо

Ако го следите овој совет, никогаш повеќе нема да ви се случи тестото да падне или да не нарасне убаво.

Постојат неколку трикови што ќе ви помогнат да го направите тестото да изгледа како од најдобрите ресторани или како од фотографијата на вашиот омилен готвач:

– Пред да започнете со месење на тестото, извадете го путерот и јајцата од фрижидерот и оставете ги на собна температура некое време.

– Не претерувајте со количеството прашок за пециво или квасец, бидејќи постои можност тестото премногу да порасне и да пукне.

– Тестото секогаш ставајте го во загреана рерна, бидејќи целото тесто со прашок за пециво и квасец го „бара“ тоа. Кога се комбинираат влажни и суви состојки, се јавува хемиска реакција и тестото веднаш почнува да се крева. Почекајте 10 до 15 минути од моментот кога рерната ќе ја достигне саканата температура и потоа ставете го тестото во неа.

Златен совет: Во секое тесто ставете по една лажица јаболков оцет! Здраво е, тестото подобро нараснува, а згора на тоа, му дава на тестото одличен „вкус“!

Извор: Стил.курир.рс