Дебарчанец фатен како пали нива, полицијата веднаш го уапсила – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/21 11:45 AM

Дебарчанец фатен како пали нива, полицијата веднаш го уапсила

Дебарчанец  од страна на полицијата бил затекнат кај опожарена нива, гореле дрва, полицијата венаш го уапсила, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Вчера  околу 18.30 часот во Одделението за внатрешни работи Дебар е приведен Б.М.(60) од Дебар, кој претходно, од патрола составена од полициски службеници, во содејство со Противпожарна единица и припадници на Шумската полиција од Дебар, бил затекнат кај опожарена нива во атарот на дебарското село Бомово. Патролата веднаш пристапила кон гаснење на пожарот, со кој биле зафатени дабови и багремови дрвја, како и ниско стеблеста вегетација. Во координација со Јавен обвинител, Б.М. е задржан во полициската станица и против него ќе биде поднесена пријава во врска со членот 227 за „предизвикување шумски пожар“ од Кривичниот законик, стои во соопштението од полицијата.