Кина казни 30 функционери поради неадекватно реагирање на ширењето на коронавирусот – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/21 8:22 AM

Кина казни 30 функционери поради неадекватно реагирање на ширењето на коронавирусот

Повеќе од 30 кинески функционери се казнети, а некои добиле и отказ поради неадекватно реагирање на најновиот пораст на бројот на заразени со коронавирусот во земјата.

Помеѓу отпуштените се и заменикот градоначалник, началници на градски окрузи и здравствени комисии, раководители на болници, аеродроми и туристички сектор.

Кинеската национална здравствена комисија објавила дека во претходните 24 часа зебележани се 94 нови случаи на локално пренесување на заразата.

Најновата епидемија поврзана е со аеродромот во источниот град Нанкинг, каде што помеѓу вработените се прошири делта сојот од вирусот.

 

 

Извор:

rs.n1info.com

Фото:

chinadialogue.net