Во текот на вчерашниот ден во круг на фирма на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници ги лишиле од слобода лицата Е.А. (29) и Л.А. (23) од Скопје. Постапувајќи по пријава, тие биле фатени веднаш по извршеното кривично дело тешка кражба во деловниот субјект и кај нив се пронајдени украдените предмети, кои се одземени и вратени на сопственикот, соопштуваат од МВР.
Двете лица се приведени и во координација со Јавен обвинител од ОЈО Скопје, по документирање на материјалот против нив ќе биде поднесена пријава.