Фудбалерот од средниот ред, Тимуе Бакајоко, е пред преселба од Челзи во Милан.
За Бакојако да дојде како позајмен играч Милан ќе му плати пет милиони евра на Челзи, објави Скај Италија.
„Росонерите“ ќе го добијат и правото за откуп на 23-годишниот Французин. Неговата цена е 35 милиони евра.
Бакајоко минатата сезона во дресот на Челзи одигра 43 натпревари и забележа по три погодоци и три асистенции.