Родилка од Куманово е меѓу жртвите од ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/21 3:36 PM

Родилка од Куманово е меѓу жртвите од ковид-19

Најмладиот починат пациент од Ковид 19 во денешната статистика на Министерството за здравство е родилка од Куманово.

Родилката која имала 29 години, починала на Инфективната клиника во Скопје со компликации поврзани со ковид. Претходно била породена во седмиот месец на бременоста, а бебето е во инкубатор, потврдуваат од МИнистерството за здравство.

Родилката немала коморбидитети и не била вакцинирана против ковид-19.

Пет денови се лекувала во кумановската болница и три на ГАК. Но резултатите од хемостазата биле лоши, се интервенирало со лекови за корекција на крвта, но и паѓала и сатурацијата па е породена со царски рез. По пораѓајот е прфрлена на инфективната клиника во Скопје и на машина била приклучена 48 часови. Починала ноќеска. По професија била логопед, пишува ТВ Телма.