Дронови без добиена дозвола да не се користат за снимање на пожари – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/21 11:20 AM

Дронови без добиена дозвола да не се користат за снимање на пожари

Воздушниот простор се користи за леталата кои гасат пожар и дека забраната за летање на дронови е од безбедни  причини, изјави на денешната прес-конференција помошник координаторот на Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК) Марија Милкова.

„Упатуваме апел до соствениците на дронови да не ги користат во воздушниот простор над пожарите доколку за тоа немаат добиено дозвола,“ изјави Милкова.