Романскиот авион денеска ќе интервенира на пожарот во село Дивје на местото викано Крушје во Општина Петровец кој се префрли на скопска територија од Општина Велес. Ова, како што истакна помошникот раководител на Центарот за управување со кризи Марија Милкова на денешната прес-конференција, е договорено на денешната координација во Главниот штаб.
„Авионот ќе дејствува во повеќе наврати со цел да се локализира пожарот. Би сакала да апелирам до корисниците на дронови, кои ги користат во областите каде има големи пожари, деновиве да не ги користат од безбедносни причини во воздушните простори каде имаме пожари, бидејќи им сметаат на воздухопловите кои ги гасат пожарите. Можат да добијат дозвола да ги користа во местат каде е безбедно, рече Милкова.
Нагласи дека пожарот во Делчевскиот регион во Нов Истевник синоќа доби нов интензитет на две нови жаришта и тоа во селата Разловци, Драготивиште и Нов Истевник над Света Вода. Таму ќе дејствуваат силите на Армијата, МВР и ЈКП и ТППЕ од Делчево и други припадници доколку има потреба.
„Пожарот во Пехчевскиот регион кој се префрли во село Будинарци од беровска страна е се уште активен и се проширува кон Општина Берово. Во моментов таму дејствуваат 30 припадници на Армијата, ПП бригада од 60 припадници од Австрија,,месното население и останати субјекти, рече Милкова.
Активен пожар, додаде, има и во Скопско на потегот од селата Раовиќ до Буковиќ каде вчера од 15:30 часот се на терен и интервенираат мештаните, ПП бригада и екипи од ШС Караџица.
„Во 8:15 часот денеска избувна нов пожар во Општина Студеничани меѓу селата Цветово и Црн Врв. На терен се претставници на ШС Караџица и Противпожарната бригада на Град Скопје. Утрово во 8:00 часот избувани и нов пожар во Општина Велес во селото Иванковци. На терен е ПП бригада од Велес, ШС Бабуна и месно население, посочи Милкова