Експерт: Платнените маски не штитат од делта сојот – ММС
ММС

Објавено на: 08/7/21 10:58 AM

Експерт: Платнените маски не штитат од делта сојот

Од почетокот на пандемијата со вирусот здравствените експерти советуваа да се носат заштитни маски со цел да се намали ризикот од зараза. Сепак, не се сите маски подеднаквов ефикасни. Мајкл Остерхолм, директор на Центарот за истражување и политика на заразни болести на Универзитетот во Минесота наведуа дека платетните маски и марами не се толку ефикасни во заштитата од вирусот и дека маските N95 се подобра опција.

Остерхолм истакнува дека маските не го спречуваат ширењето на  вирусот толку ефикасно како што некои мислат. Центарот за контрола и превенција  на болести наведува дека платнените маски овозможуваат одредена доза заштита и дека ефикасноста на овие маски зависи од видот на ткаенина, бројот на слоеви и тоа дали маската ви одговара правилно. Центарот постојано ги проучува овие фактори. Досегашните студии покажаа дека платнените маски кои имаат повеќе слоеви штитат подобро токолку еднослојните маски  и дека во некои ситуации може да филтрираат околу 50 проценти од фините честички.

Треба да се нагласи дека според анализите, носењето маска доведе до голем пад на бројот на новозаразени.

„Мораме да зборуваме за тоа како подобро да се заштитиме со маски. Мора да зборуваме за Н95 маските кои би можеле да направат многу и за невакцинираните и за оние кои претходно не се заразиле“, изјавил Остерхолм.

Скот Готлиб, поранешен комесар на Агенцијата за храна и лекови, минатиот месец изјави дека е потребна квалитетна маска за заштита од соеви, толку заразни како делта варијантата. Покрај тоа, тој нагласи дека маските KN95 и N95 може да бидат многу поефикасни.

 

Извор:  hr.n1info.com