Огромната истражувачка суперјахта направена за коосновачот на Микрософт, Пол Ален продадена е за нешто помалку од 230 милиони евра, а сега може да се изнајми за 1, 2 милиони евра. „Октопод“ беше најголемата јахта на светот кога беше завршена во 2003 година, а бродот долг 126 метри беше пресвртница во дизајнот на суперјахти.
Освен вообичаените работи, јахтата има две подморници, два хеликоптера и студио за снимање.
Јахтата се наоѓа на пазарот од смртта на Ален во 2018-та година. Првично беше понудена за 295 милиони евра, но по некое време цената беше спуштена на 235 милиони. Како што пренесува Гардијан, се верува дека е продадена за малку помалку од понудената цена.
Се’ што се знае за купувачот е дека е Скандинавец, како и дека јахтата ќе биде на располагање за изнајмување.
Извор: rts.rs