Пријавено е дека еден од трите вулкани во оддалечените области на Алјаска исфрла лава, а другите два исфрлаат пареа и пепел, известува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите што ги објави Опсерваторијата за вулкани на Алјаска, активните вулкани Павлов, Големиот Ситкин и Семисопочни во три различни региони исфрлале пепел или лава.
На сликите добиени од веб-камери се забележува како облаци на пепел од ниско ниво излегуваат од вулканот Павлов. По овој настан, Опсерваторијата го искачи нивото на закана на вулканот од „жолто“ на „портокалово“, покажувајќи дека ерупциите на пепел продолжуваат.
Сликите добиени од веб-камери покажаа облаци од ниско ниво на пепел како излегуваат од вулканот Павлов. Потоа, Опсерваторијата го зголеми нивото на закана на вулканот од „жолто“ на „портокалово“, покажувајќи дека ерупциите на пепел продолжуваат.
Вулканот Павлов кој е оддалечен 56 километри југозападно од најблиската населба Колд Бај, е еден од најактивните вулкани близу активните и заспани вулкани на Алеутските Острови на Алјаска.
Вулканот Павлов последен пат еруптира во 2016 година, исфрлајќи пепел во областа на лагуната Нелсон.
Локалното население на островската заедница ја известија Опсерваторијата дека истекува лава од вулканот Голем Ситкин, а подоцна оваа информација беше потврдена и со снимки од веб-камера.
Геологот Крис Вејтомас од Опсерваторијата за вулкани на Алјаска информира дека ниту една од заедниците во близина на вулканите досега не се погодени од вулканските активности.
Соопштувајќи дека облаците од пепел се издигнале веднаш над врвот на вулканот, Вејтомас изјави дека облаците достигнале висина од околу 9,7 километри кон југ пред да се распрснат.
Вајтомас, исто така, забележа дека вулканот Семисопочни, кој се наоѓа на ненаселен остров на западниот крај од Алеутските Острови, еруптирал со паузи и произвел облак од пепел.