Ерменските војници отворија оган врз азербејџански позиции на границата – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/21 9:31 PM

Ерменските војници отворија оган врз азербејџански позиции на границата

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека војниците на Ерменската армија отворија оган врз азербејџанските позиции на границата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Министерството се наведува дека на 5 август помеѓу 23:00 и 23:50 часот по локално време, од позициите во близина на селото Араздејен во провинцијата Веди во Ерменија, отворен е оган врз азербејџанските позиции во населбата Хајдерабад во провинцијата Седерек, Накчиван.

Се додава дека е отворен оган и врз позициите во селото Истису, Келбеџар, од селото Горно Загали во провинцијата Басаргечер, Ерменија.

Исто така, во соопштението се наведува дека е одговорено на отворениот оган и дека ситуацијата во регионот е под контрола на азербејџанските војници.

Меѓу другото, се истакнува дека нема жртви меѓу азербејџанските војници во судирите.