Тони Наварет, сенатор од Аризона и член на Демократската партија, уапсен е во четвртокот поради сомнение за сексуално насилство над дете. Инспекторите кои работат на овој случај велат дека чинот за кој е обвинет Наварет е случен во 2019 година, но не открија повеќе детали.
Американскиот сенатор е обвинет за неколку кривични дела, а најтешко е она кое се однесува на педофилија и сексуално насилство над деца.
Демократската партија потврди дека еден од нивните сенатори е уапсен.
-Познато ни е дека еден од нашите членови е уапсен и чекаме понатамошни детали, со надеж дека институциите ја работат својата работа. Немаме дополнители коментари во моментот, стоеше во изјавата на Демократската партија.
Наварет е уапсен неколку денови откако овој сенатор објави дека е позитивен на коронавирус, иако претходно бил вакциниран. Сенаторот за првпат во Конгресот е избран во 2016 година, а две години подоцна избран е за сенатор од Аризона.
Извор:
espreso.co.rs
Фото:
awsforwp.com