Доцна попладево, во 17:30 избувна нов пожар во непосредна близина на населната Дурутовец, кај автопатот Велес-Штип во близина на велешката Градска депонија за комунален смет.
На терен со огнената стихија се борат 15 пожарникари од две одделенија од ТППЕ Велес, со противпожарни возила-цистерни и џипови прават големи напори огнот да не ги зафати викенд куќите кои се во непосредна близина, информираат за МИА од ТППЕ Велес.
На помош очекуваат да дојдат и нивни колеги од ТППЕ Велес, а со цел пожарот да биде спречен да зафати поголеми размери.
МИА