Во чест на големиот празник Илинден, Тајзи го промовираше новото видео за песната „Парадокс“. Текстот на песната е Дрган Величковски – Тајзи, кој го отсликува парадоксот на времето во кое живееме, додека музиката за „Парадокс“ е на Лазар Цветковски, Тајзи и Кристијан Николов, а аранжманот е на Л. Цветковски и Сајов.
Спотот е дело на режисерот Даниел Јовевски, а сниман е на Мечкин Камен, Македониумот, Галеријата на Никола Мартиновски во Крушево и во Музејот на македонска борба во Скопје. Во видеото, покрај Тајзи се појавува и моделот Андријана Илиевска, а стајлингот е на Златко Јовановски.
Во последните неколку години Тајзи во неговите песни обработува социјални теми од општетсвото и системот, но имаше и текстови кои емотивно ги посветуваше на негови блиски луѓе.
Тој преку стихови ја претставува реалноста во која живееме, и во која ќе се пронајдете. Слушнете ја песната која сигурно ќе допре до вас.
Големи куќи ни направија фамилии мали
Големи пари ни донесоа блуд и сканадали
Напредна медицина имаме се помалку здрави
Високи школи, а се помалку образовани
Се качивме на Месечинаа никако да откачиме ланци
Социјални мрежи ни направија социјални дистанци
Мислиме дека сме будни спиеме не сме ни свесни
Имаме широки патишта но погледи тесни
Големи луѓе а карактери мали
Висока технологија донесе ниски морали
Помалку читаме книги поише гледаме ТВ
Многу планираме а имаме све помалку време