Увидот на екипи на Министерството за внатрешни работи сѐ уште не е започнат во куќата во селото Челопек во општината Старо Нагоричане за каде мештаните се сомневаат дека е изгорено телото на 60-годишната Стојанка.
Вчера нејзиниот вонбрачен сопруг рече дека таа во обид да избега од пожарот се заклучила во куќата по што и се губи трагата.
Од МВР утринава за Кумановски Муабети рекоа дека увидот не е започнат поради жаришта кои тлееле внатре во остатоците од домот. Куќата е скоро целосно изгорена, а увидната екипа на МВР која пристигнала претпладнево не може да започне со работа бидејќи остатоци од ѕидините се паднати и се чека на градежна механизација која ќе треба да ги отстрани.
Инаку вчера пожар избувна во атарот на селото Челопек при што нанесе поголема штета, опожарени се неколку куќи, а најмногу е настрадана онаа на дедо Борис.
Никола Ивановски