Старец силувал 10-годишно девојче во Битола – ММС
ММС

Објавено на: 08/5/21 10:00 AM

Старец силувал 10-годишно девојче во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 72 години, осомничено дека сторило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години согласно член 188 став 1 од Кривичниот законик.

На 1 август, во неговиот дом во Битола, осомничениот извршил други полови дејствија врз девојче родено 2011 година. Вознемирено, девојчето се расплакало и го напуштило станот.

Ценејќи дека постојат законските основи, јавниот обвинител од судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена како мерка за негово обезбедување во текот на постапката.​