Најмалку 150 куќи беа уништени во пожарот што го опколи манастирот и десетина села на грчкиот остров Евија.
Ова е еден од над 100 пожари што горат во Грција.
Пожарникарите и денеска продолжија да се борат со пожарот во близина на Атина, а градоначалникот на Олимпија, лулката на Олимписките игри, побара помош за гаснење на пожарот, пренесува Гардијан.
Пожари избија во Грција поради високите температури.
– Ние водиме битка со титаните, рекол заменик министерот на цивилната заштита Никос Харалиас.
– Најтешкото допрва слеува, додал тој.
Експертите предупредија дека глобалното затоплување ја зголемува фреквенцијата и интензитетот на пожарите.
На Евија, од плажата можеше да се види и голем шумски пожар. Пожарникарите рекоа дека е тешко да се контролира пожарот.
Тројца монаси од манастирот Свети Давид одбиле да го напуштат местото, иако сите од околината биле евакуирани.
– Се гушиме од чадот, рече еден од монасите за агенцијата АНА, опишувајќи дека пламенот е висок 30 до 40 метри околу манастирот.
Полицијата за АФП изјави дека ќе мора да ги принуди монасите да се евакуираат доколку нивниот живот е во опасност.
Околу 85 луѓе беа однесени на плажа и евакуирани со пет чамци.
Извор: Курир.рс