Имав навестувања, не сум изненадена од разрешувањето, изјави доскорашниот в.д. директор на ДИЖС, Ана Петровска – ММС
ММС

Објавено на: 08/4/21 4:44 PM

Имав навестувања, не сум изненадена од разрешувањето, изјави доскорашниот в.д. директор на ДИЖС, Ана Петровска

Имав навестувања, така што не сум изненадена од разрешувањето. Останувам во секторот, да придонесувам за јавниот интерес, изјави за mms.mk доскорашниот в.д. директор на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска.

На денешната владина седница донесена е одлука за нејзино разрешување од функцијата в.д. директор на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС).

-Имав навестување, така што не сум изненадена од разрешувањето. Беше привилегија да се менаџира институција што е исклучително важна за животната средина и здравјето на луѓето. Останувам во секторот, да придонесам за јавниот интерес, вели Петровска за mms.mk.

Според извори на МИА од Владата, Петровска ќе биде заменета од Сретен Стојковски.

 

 

[д.ј]

Фото:

Youtube / Дома