На 3-ти овој месец во 21.00 часот на магистралниот пат Граничен премин Блаце -Скопје, Н.Б.(55) од Приштина, управувајќи товарно возило „ман“ со полуприколка, со косовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, известуваат од МВР.
Н.Б. бил пренесен во Градска општа болница „8 Септември” за укажување на лекарска помош, но починал од срцев удар. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.