Салатите се дел од секоја трпеза, не може да се замисли ручек без салата.
Денеска наш предлог е салата од пченка со дадоток на мајонез и павлака.
Кремаста, вкусна и освежителна салата.
Состојки:
500 грама пченка
200 грама павлака
100 грама мајонез
лажица сол
половина лимон
1 главица кромид.
Подготовка:
Варете ја пченката, процедете ја и исплакнете со ладна вода. Измешајте ја кисела павлака заедно со мајонезот, сецканиот кромид, зачин, и исцедете го лимонот.
Додадете ја пченката, промешајте и салатата е готова.
Добар апетит!