Рецепт за летен оброк: Пире од тиквичка – Ароматично и кремасто како путер – ММС
ММС

Објавено на: 08/3/21 2:07 PM

Рецепт за летен оброк: Пире од тиквичка – Ароматично и кремасто како путер

Тиквичките се омилен летен зеленчук, бидејќи можат да се приготват на многу начини. Тие се вкусни дури и ако се полнети со месо и ориз или пак ако се полнети со друг зеленчук, како на пример мусака или печени на скара…

Во жешките летни денови, ништо нема поубаво од лесен оброк, а едно од тие е пирето од тиквички.

Се подготвува брзо, состојките не се скапи, а вкусот е фантастичен благодарение на зачинот и сирењето.

Состојки:

1 килограм тикички
малку масло
100 грама кашкавал
копер
сол и бибер

Подготовка:

Исчистете го лукот и исечете го на парчиња. Истурете малку масло и 100 милилитри вода во тавата, потоа додадете ги тиквичките, покријте ја тавата и оставете ги тиквичките да се динстаат максимум 10 минути на средна топлина.

Потоа истурете го вишокот вода, префрлете ги тиквичките во друг сад, додадете ситно исечкан копер, сол и бибер и изгмечете ги со вилушка или измешајте со миксер за стапчиња.

Додадете 100 грама рендан кашкавал, добро измешајте го пирето и сервирајте додека е топло.