Жена лажирала бременост , па дури си отседнала четири дена на Клиника за гинекологија и акушерство во Бања Лука , а влегла во болница врз основа на друг наод, потврдено е од оваа здравствена установа.
Според Српскаинфо, жената со денови одела во пижами и престојувала во заеднички простории. Од Клиничкиот центар велат дека жената влегла во просториите на гинекологија врз основа на упат од матичен доктор на 14 јули.
-Во согласност со важечките процедури во нашата институција, пациент кој уредно презентира упат, му е дозволено да влезе во просториите на ЈЗУ УКЦ на Република Српска. Лицето за кое станува збор не остави сомневање за каква било злоупотреба, се движела главно во заеднички простории како што се ходници, тоалети и чекалници, облечена во пижами , објаснуваат од Клиниката.
Жената била фатена откако нејзиниот сопруг сакал да го пријави новороденчето во Градската управа, пишуваат тамошните медиуми
Криела дека не е хоспитализирана
Имајќи предвид дека во објектот „Метернит“ се сместени Клиниката за гинекологија и акушерство, Центарот за гради, Клиниката за детска хирургија и Клиниката за детски болести, таа вешто го прикривала фактот дека не била хоспитализирана во Клиничкиот центар на Бања Лука.
-Откако дознавме дека воопшто не е хоспитализирана во нашата институција, полициската станица беше известена на 18 јули. Полициските службеници го идентификуваа лицето и го отстранија од просториите на УКЦ на Република Српска, без дополнителна истрага бидејќи немало нарушување на јавниот ред и мир “, објаснуваат во УКЦ за Српскаинфо.
Извор и фото: ba.n1info