Во вчерашниот пожар во мариовското село Скочивир изгореле 15 стари одамна напуштени куќи. Пожарот зафатил и трева, се проширил низ селото каде изгореа 15 стари, напуштени куќи. Ниту една од нив не е вселива.
Огнот е под контрола, информираат од Територијалната против пожарна единица во Битола и предупредуваат на внимателност кај жителите зашто за време на пожарот се слушнале експлозии од стари експлозивни средства останати од Првата светска војна.
Од ТППЕ-Битола посочуваат дека пожар има и во атарот на селото Мусинци каде гори трева и огнот навлегол во шумата. Теренот е непристапен.
Фото: Facebook
МИА