ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати традиционалното славење на Мечкин Камен, порача Николовски од Крушево – ММС
ММС

Објавено на: 08/2/21 6:02 PM

ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати традиционалното славење на Мечкин Камен, порача Николовски од Крушево

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ го честита Илинден од Крушево и порача дека неговата партија кога че дојде на власт, ќе го врати традиционалното славење на Илинден на Мечкин Камен во Крушево.

– Би сакал да го честитам празникот на сите Македонци, на сите граѓани кои што живеат во Македонија. Ова е најголемиот наш празник. Во исто време би сакал да споделам едно горчливо чувство за тажната слика за која што денес ја гледаме на Мечкин камен. За првпат после скоро осум децении традиционалната манифестација на Мечкин Камен не се случува заради хирот на власта, заради одлуката на власта да избега од сопствениот народ. За тоа што се свесни дека не можат да се соочат со народот, за тоа што како што самите кажуваат се уплашени од свирежите на народот. Тие свирежи се свирежи израз на гнев и на болка за сето она што и се случува на Македонија, национално обезличување, криминал, корупција и економско опустошување. За тоа е денес Мечкин Камен празен, за тоа власта бега од народот и за тоа измислуваат некакви си прослави кои што треба да се случат навечер без пригодни говори со некаква музичка манифестација и во некакви кралски манири каде што сите треба да чекорат позади еден, вели Николовски.

Тој потенцира дека неговата партија, ВМРО-ДПМНЕ, не се согласува со таквиот став на претседателот Пендаровски и на власта, па затоа решиле да дојдат на Мечкин Камен преку денот, во периодот после пладне кога секогаш се одржувала манифестацијата за прославата на Илинденското востание.

– Во исто време одадовме почит и на споменикот и на Никола Карев во „Македониум”, како и на паднатите борци на Слива каде што го бранеле градот. Тоа е традицијата која што треба да остане. Она што можам да го ветам  на македонскиот народ, и на македонските граѓани е дека веќе следната година сето ова ќе е повторно полно, живо, ќе се наполни тука на Мечкин камен, целата оваа месност, ќе врие од народ, ќе има десетици и стотици илјади луѓе кои што заедно со нас и со една нова народна власт ќе го прослават 2-ри Август Илинден онака како што личи. А, не вака да е опустошено и обезличено.Не смееме да дозволиме во услови кога се гази македонскиот идентитет, кога се става под прашалник од страна на соседите пред се од страна на Бугарија целокупната македонска историја, не смееме самите да дозволиме да се сквернави празникот, а за жал највисоките органи на власта како што се претседателот и премиерот го сквернават празникот очигледно обидувајќи се да угодат на други.Ние тоа нема да го дозволиме после промената на власта која што ќе се случи уште оваа есен и следната година на 2-ри Август заедно тука ќе славиме со десетици, стотици илјади македонски граѓани, македонски народ, порача Николовски.