Франција и Германија се соочуваат со големи протести поради владините мерки за борба против пандемијата. Додека во Франција демонстрации имаше во повеќе градови, во Германија протестот беше сконцентриран во Берлин.
Берлинскиот протест беше организиран од движењето „Кверденкер“, збор кој на германски значи латерално, креативно размислување.
Иако градските власти ги забранија демонстрациите, многумина сепак излегоа на улиците на Берлин, точно една година по големите демонстрации против владините мерки во 2020 година.
Од движењето „Кверденкер“ бараат владата да го почитува законот и тврдат дека ограничувањето на основните права поради коронавирусот е незаконско. Од владата, пак, велат дека движењето нема аргументирани критики за мерките, туку само сакаат да ја дестабилизираат државата.
Полицијата се служеше со методи на заплашување, со постојано надлетување со хеликоптер, а на улиците уште од утрината имаше оклопни возила и водени топови. На протестот беа присутни и голем број полицајци, а имаше и поединечни судири меѓу демонстрантите и полицијата.
Билансот на крајот на денот е 600 апсења и повеќе повредени полицајци.
https://twitter.com/docbrandenburg/status/1421827732808273924
#Berlin police deployed additional forces in the center of the capital, including water cannons, to suppress riots during the protests.
#Germany pic.twitter.com/KC7MwLfi4H— Ignorance, the root and stem of all evil (@ivan_8848) August 1, 2021
Во Франција, пак, викендов жолтите елеци се вратија низ улиците. На масовните протести против задолжителната вакцинација за одредени професии, во повеќе од 150 градови низ земјата имаше демонстрации.
Според официјалните податоци околу 200.000 луѓе имаше на протестите. Незадоволните граѓани носеа плакати на кои беше испишан зборот „либерте“, што значи слобода.
Во Франција владата воведе задолжителна вакцинација за здравствените работници, пожарникарите и негувателите, а здравствен пасош мора да се покажува за влез во ресторани и превоз.
ALERT 🚨 Massive protest in Nice. Millions of protesters out in multiple cities of France against Covid health pass.pic.twitter.com/RMJQA6cKww
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) July 31, 2021