Лидерот на опозициска партија во Македонија, Христијан Мицкоски нема да присуствува утре на чествувањето на Илинден на Мечкин Камен во Крушево.
Тој како што вели 2-ри август традиционално го поминувал во населеното место Ташмаруништа, кое се наоѓа во близина на Струга, вели таму се одвивала една жестока битка за време на настаните од Илинденското востание.
„Што се однесува до овој начин на импровизирано чествување на најголемиот празник на македонскиот народ, исто така ќе ве потсетам на Крушевскиот манифест тоа претставува и празник на нашите сограѓани без разлика дали се тоа ЛАбанци, Турци, Роми, Власи, Сри, Бошњаци, ова што денеска се случува е класична импровизација, тоа што имам да кажам во врска со ова ќе го кажам во мојот десет минутен говор утре во Ташмаруништа“, изјави Мицкоски.
Тој истака дека делегацијата на ВМРО ДПМНЕ нема да присуствува на чествувањето на Илиден утре на Мечкин Камен за како што рече тој дел од цирксускиот церемонијал предводен од претседателот Пендаровски.
Г.Д