Ставен е во функција хидроситемот за наводнување на валандовското поле од проектот Јужновардарска долина втора фаза. Со овој проект вреден над 24 милиони евра се очекува да се наводнуваат 2 150 хектари обработливо земјоделско земјиште во атарите на валандовските населени места удово, Пирава, Калково и Јосифово. Бенефитите од истиот ќе ги користат најмалку 1 000 домакинства чија основна дејност е одгледување градинарски култури и овошни и лозови насади.
Целата вест можете да ја прочитате на Моја Општина.