Кој кого копира: Лејди Гага и ќерката на Цеца со ист стајлинг – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/21 7:27 PM

Кој кого копира: Лејди Гага и ќерката на Цеца со ист стајлинг

Објавен е првиот трејлер за „Гучи“ на Ридли Скот, инспириран од шокантната, но вистинска приказна за семејното кралство на познатиот италијански моден бренд „Гучи“. Во една од сцените, Лејди Гага, која ја игра главната улога во филмот, носи сличен фустан како Анастасија Ражнатовиќ, ќерка на фолкерката Светлaна Цеца Ражнатовиќ.

И додека сите веќе беа воодушевени од главната актерка, пејачката Лејди Гага, во првите снимки од објавата, на многумина на социјалните мрежи во Србија не им недостасуваше фактот дека таа беше обleчена за овие снимки слично како и пејачкатa Анастасија Ражнатовиќ.

Фустанот што го носеше Гага, Анастасија го носеше во април, во едно од видеата за нејзината нова песна. Филмот во кој глуми Гага, е снимен во периодот од февруари до април оваа година.

Како што може да се види во кадрите во која Лејди Гага вели „Во име на Таткото, и Синот и куќата на Гучи“, таа носи црн фустан со црвени точки. Сличен стајлинг којшто порано го носела Анастасија на видеото го направи српската стилистка Елена Николајевна, додека фустанот го направи српската дизајнерка Марија Марковиќ.

Извор: Нова.рс