Полицијата вчера во засилена акциска контрола во областа на сообраќајот санкционира 111 возачи на територијата на Град Скопје.
Од нив 37 се казнети за брзо возење, девет за возење без возачка дозвола, пет за користење мобилен телефон за време за возење, девет за непрописно престигнување и обиколување, а 34 за непрописно паркирање. Санкционирани се и четири возачи на мотоцикл.
Од МВР најавуваат дека продолжуваат засилените акциски сообраќајни контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта