Обвинувањата за вмешаноста на Москва во труењето на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал во британскиот град Солзбери, се уште еден обид Русија да се претстави како држава која се однесува неодоговрно кон своите меѓународни обврски, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
– На неоснованите обвинувања за руско учество во инцидентот во Солзбери гледаме како на уште еден обид нашата земја да се прикаже како држава која пристапува на неодговорен начин кон своите меѓународни обврски, се наведува во соопштението.
Американскиот Стејт департмент во средата соопшти дека САД на 22 август ќе воведат нови санкции кон Русија, поради „употребата на хемиско оружје во обидот за атентат“ врз Скрипал во Велика Британија.