Иако некои велат дека е задоцнета, оваа иницијатива е потребна посебно во регион кој е заложник на минатото, смета албанскиот премиер Еди Рама. Во своето обраќање на Еконосмкиот Форум за регионална соработка во Скопје тој откри дека соработката со Македонија и Србија е од стратешко значење за Албанија, затоа што ќе ги обезбеди четирите основни слободи на ЕУ уште пред овие земји да се интегрираат во унијата.
– Слобода на движење на луѓето, на добрата, на капиталот и на услугите. Тоа ќе го добијат нашите граѓани уште пред да влеземе. Зошто да седиме свртени со нашите рбети еден кон друг додека европските земји одат напред. Да не чекаме повеќе оти нерешеното помеѓу нас нема да се решат негирајќи го потенцијалот на здружување. Затоа не можам да сфатам што мислат Црна Гора, БиХ и Косово, зошто се затворени за ова? Овие земји треба да бидат дел од овој процес. Па не може едни лубеници да чекаат 24 часа на граница, мора да го подобриме тоа оти не знам што ќе биде од лубениците кога ќе стигнат во Виена – сликовито објасни Еди Рама.
Орце Костов