Мицевски: Од тромеѓето со добра локална власт граѓаните може само да профитираат (видео) – ММС
ММС

Објавено на: 07/29/21 8:54 AM

Мицевски: Од тромеѓето со добра локална власт граѓаните може само да профитираат (видео)

Крива Паланка останува единствена по својата позиција, на град кој ја спојува Македонија со соседните Србија и Бугарија, како град меѓу два главни града и два аеродроми. Шопингот туризмот на соседите од Бугарија се намали во оваа година и пол од пандемијата, но го зголеми бројот на домашните туристи и убавините на Осоговските Планини, кои станаа заштитено подрачје од петта категорија.

Железницата како поврзување од Коридорот 8 и експресниот пат Скопје – Крива Паланка, се очекува да и’ дадат нов импулс на општината и локалниот економски развој. Проектот, кој чини 500 милиони евра, токму кај Крива Паланка до граничнот премин ја има најтешката делница.Експресниот пат од Скопје е исто така долгоочекуван проект, со кој патувањето до главниот град ќе го скрати на 50-тина минути.

Но, во меѓувреме, додека овие проекти се реализираат, локалната власт го „подготвува теренот“ со осовременување на патната и останата инфраструктура. Градоначалникот Борјанчо Мицевски, во последните месеци од неговиот мандат, во инервју за ММС, ги сумира разултатите од работењето.

-Интензивно се работеше на регионално поврзување и локалните патишта. Изградени се или реконструирани над 50 километри патишта, како делниците Ранковце – Крива Паланка и Крива Паланка – Деве Баир. Поврзувањето кон Босиелград и село Огуд, како и делниците кон руралните подрачја. Изградени се над 50 киломтери нови патни правци и десет километри целосно рехабилитирани улици. Инфраструктурата е битен елемент во локалниот економски развој и животот на граѓаните, вели градоначалникот Мицевски.

Кривопаланечкиот градоначаник, кој влезе во општината како долгогодишен граѓански активисти и над 15 години работа на домашни и меѓународни проекти, го прашавме колку е различна градоначалничката функција од таа во работата со проекти.

-Да се биде градоначалник не значи да се биде само шеф на општинската администрација, туку значи комплетно вложување на себе. Искуството од НВО секторот ми помогна во тоа и во општината ги пренесов сите мои контакти и ликови. Крива Паланка е можеби единствената општина, која имплементира три различни програми со Србија, Бугарија и Косово. Општината има активна соработка со десетина странски амбасади и организации, од кои има директна помош, објаснува Мицевски.

Набројувајќи го реализираното, Мицевски вели годиините од неговиот мандат ги посветил на подобрување на условите за живот на сограѓаните.

-Заменети се 4500 водомери, сега се заменуваат 2100 улични светилки со ЛЕД, изградени и обновени се детина спортски објекти. Се уредува централното подрачје, а 48 милиони денари чини тој проект со уредување на плоштадот, рече Мицевски.

Од искуство на овој градоначалнички мандат, кривопаланечкиот градоначалник ја истакнува потребата од законско дооформување и донесување на подзаконски акти, главно во урбанистичката сфера. Крива Паланка чека на донесување на повеќе детални урабнистички планови, кои зависат од конечното усвојување на Генралниот урбанистички план, кој е во постапка, додека постоечкиот од 2013 година е оценет како целосно нефункционален и несоодветен. ГУП-от е на ревизија во Агенцијата за планирање на просторот и се очекува да стапи во сила кон крајот на летото.

Во исчекување на најавената децентрализација, Мицевски е на став дека успешноста на следната фаза ќе зависи не само од тоа колку средства ќе влезат во општинската каса, туку и од тоа  колку градоначалникот како своевиден менаџер ќе успее да ги искористи.

Останува идејата Крива Паланка да биде место каде младите ќе се сакаат да останат и да живеат.