Летото е период кога „демнат“ вагиналните инфекции – предупредува д-р Ивана Ѓурѓевиќ Старовиќ, специјалист по гинекологија и акушерство. Одењето на море или базен го зголемува ризикот од вакви болести, изјави таа, а инфекциите „демнат“ на неочекувани места. Многумина мислат дека ќе се заразат во базен, што не е точно, сосема друга „локација“ е проблем.
„Зголеменото потење во текот на летото е неминовно, губиме доста течности, но не внесуваме доволно вода, па поради тоа имаме поголеми шанси за инфекции на уринарниот тракт“, изјави д-р Ѓурѓевиќ Старовиќ.
Потењето на уште еден начин потикнува создавање инфекции.
„Интимната регија исто така се поти и претставува одлична подлога за бактерии, па дури и само иритација“, предупредува докторката.
Често слушаме дека не би требало да се седи на мокар пешкир или во мокар костим за капење, па дали е ова вистина или мит?
„Мократа средина е одлична подлога, но секогаш мора да имаме граница. Ако вие сега сте на плажа во попладневните часови, можеби е малку поладно, а вие сте во мокар костим за капење, логично е дека треба да се пресоблечете. Ако излезете од вода и потоа за пет минути влезете пак, тоа ќе значи дека повеќе сакате да покажете колку костими сте зеле со себе“, посочи таа.
„Проблем е и песокот. Сите ги сакаме прекрасните песочни плажи, но тој иритира доколку се вовлече во облеката. Се советува постојано туширање, но и тука бидете внимателни. Се тушираме почесто бидејќи сакаме да се освежиме и тогаш користиме инвазивни сапуни. Дури и сапуните за интимна нега се инвазивни, минимално, но сепак се. Еднаш или два пати дневно може да се користат, но немојте повеќе бидејќи тоа лошо ќе влијае на нормалната вагинална флора“, советува докторката.
На прашањето дали постојат бактериски инфекции кои можеме да ги добиеме од базен, таа одговара одречно.
Сепак, докторката нагласува дека базените треба да бидат хемиски и бактериолошки исправни.
-Доколку седнете на ќошот каде што одат луѓето, е тука „демнат“ бактерии. Луѓето газат таму, а немаат култура да ги измијат стопалата доколку претходно користеле јавен тоалет. Веројатно за пренос на бактерија постои и доколку седнете на пластична лежалка без да постелите пешкир. Тоа не значи дека со сигурност ќе „соберете“ нешто, но сепак бидете внимателни – предупредува таа.
Извор: mondo.rs