Добив шеќер и туберколоза во Ѕвездите на Гранд – Исак Шабановиќ за време на шоуто бил под стрес – ММС
ММС

Објавено на: 07/27/21 7:48 AM

Добив шеќер и туберколоза во Ѕвездите на Гранд – Исак Шабановиќ за време на шоуто бил под стрес

Исак Шабановиќ го освои второто место во последната сезона во „Ѕвездите на Гранд“, а како што вели за време на натпреварувањето често бил под стрес.

Пејачот откри што ова натпреварување му донесло, а што му земало и поради што сакал што побрзо да заврши натпреварувањето.

– Ова е стрес. Тука добив шеќер и туберкулоза, но исто така изгубив 20 килограми. Тоа е добро, рече Исак и откри дека му се зголемила цената на настапите.

– Да, се е тоа поради „Ѕвездите на Гранд“, не поради мене, искрено одговорил младиот пејач.

Извор: Курир.рс