Георгиевски го совлада светскиот првак на патот кон олимпиското злато – ММС
ММС

Објавено на: 07/27/21 6:30 AM

Георгиевски го совлада светскиот првак на патот кон олимпиското злато

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски имаше одличен прв настап на Олимписките игри во Токио.

Георгиевски го совлада светскиот шампион Алба Кастиљо и се пласираше во четвртфиналето.

На патот кон олимпиското злато кое тој го сонува неколку години, Георгиевски славеше со 11-8 благодарение на добрата прва рунда која ја доби со 5-1.

Во четвртфиналето Георгиевски ќе се бори со Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска.