Капитенот на македонската фудбалска репрезентација кој се прости од националниот дрес со настап на Еуро2020, Горан Пандев се вакцинираше против коронавирусот.
На својот Инстраграм профил сподели фотографија со која ги информираше фановите дека се заштитил од Ковид-19.
Претстојната сезона во Серија во дресот на Џенова ќе му биде последна во кариерата на Горан Пандев кој ќе се повлече на 39-годишна возраст.