Пожар избувнал во куќа вредна 2,4 милиони долари во Њу Орлеанс, за која се смета дека е сопственост на пејачката Бијонсе и раперот Џеј Зи.
Државните записи во Луизијана покажуваат дека сопственикот на имотот е поврзан со Parkwood Entertainment, чиј основач е Бијонсе.
Во моментот на пожарот, куќата била празна. Засега се смета дека пожарот е подметнат бидејќи полицијата примила пријава за сомнително лице на имотот приближно во моментот кога избувнал пожарот. Во полицискиот извештај се наведува дека избувнал пожар во кујната и дека била пронајдена конзерва бензин.
“Ако не стигневме таму навреме, можеше да биде многу полошо. Тоа е историска зграда”, рече портпаролот на противпожарната служба. Вредноста на вилата е околу 2,4 милиони долари.
Пејачката досега не се огласи за овој инцидент.
UPDATE: NOPD confirms the fire at the home reportedly owned by Beyoncé and Jay-Z is being investigated as simple arson. PD received tip about suspicious person around the same time/ area as fire. @WGNOtv pic.twitter.com/3P4ThP4LeV
— Chris Welty (@Chris_R_Welty) July 22, 2021