Вкупно 65 возачи се санкционирани за брзо виозење при денешната засилена контрола што ја спроведоа полициски службеници од СВР Штип.
Во контролата која траеше од 07 до 13 часот, казнети се најмногу возачи на територија на Свети Николе, 40 и 14 во Штип. Шест возачи возеле со над 50 километри на час над дозволеното, а двајца со дури 70 километри на час над дозволеното.
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелира МВР