Денеска во Кривичниот суд во Скопје беше донесена пресудата за случајот „Тортура“, кој се однесува на нечовечко апсење на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски во 2011 година.
Судот ги ослободи поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков и шест припадници на поранешната единица „Алфа“, Ивица Анчевски, Петар Милошевски, Новица Станковски, Филип Атанасов, Јован Боцевски и Метуш Шабани од обвинение, со образложение дека Јавното обвинителство не докажало надвор од разумно омневање дека обвинетите го сториле делото за кое се обвинуваат.
Случајот „Тортура“ беше вратен во фаза на дополнение на доказната постапка, откако судијката Александра Ристовска на 17 јуни оваа година не ја објави најавената пресуда.